Почна Струмица опен фестивал

Со откривање на два мурала на родокрајните уметници Ване Костуранов и Никола Пијанмаанов, синоќа започна најновото издание на „Струмица опен фестивалот" што ќе трае до 13 август.

Пред библиотеката „Благој Јанков - Мучето“ каде што се поставени муралите се одржа и рок забава со концертен настап со повеќе од 80 артисти и безброј настани за сечиј вкус.

На настанот беа откриени два мурала на роднокрајните уметници Ване Костуранов и Никола Пијанманов кои се поставени на зградата од установата. Присутните уживаа во концертниот настап на бендот Contact 59 предводен од струмичанецот Љубен Маџиров, син на Зоран Маџиров.

Пред публиката беа изложени и фотографии од наградниот фото-конкурс за Струмица, а покрај корзото млади уметници твореа пред публиката.

Вечерта продолжи со настап на Паркети на Летната игранка на Леблебиџиска улица. Во следните десет дена на 5 сцени во 20 различни настани ќе настапат над 80 уметници.  

Претстојат денови полни со изложби, концерти, театар, филм и поезија.

 Музичкиот дел на шестото издание на фестивалот започнува на 11-ти август со Браќата Тавитијан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек.

Истата вечер ќе настапи и бендот Галија. Вечерта ќе заврши со електронска музика со Александар Галоски и Пата Пата рекордингс.

Во сабота на 12-ти август ќе настапат Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, диџеј Мистик и Астраион проџект.

Во недела на 13-ти август на големата ОПЕН фест сцена ќе ги видиме Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic.

Честа за затворање на фестивалот годинава ќе му припадне на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика, велат организаторите.