Почна сезоната: Вчера најзагадено беше во Карпош, Аеродром и Кисела Вода

Почна сезоната на загадување. Вчера на апликацијата Мој Воздух највисоки стапки на загаденост имаше во скопските општини Карпош, Аеродром, Кисела Вода, но и мерната станица во Маџари, Гази Баба.

Највисока вредност на ПМ 10 честичките мерните станици бележат во Карпош, 133 потоа во Аеродром, 118, Кисела вода 105 и Маџари 101 честичка на метар кубен.

Високи се вредностите и на другите мерни станици, како што се тие во Автокоманда и Илинден.