Почна санкционирањето за дотур на стока во забранетиот период од денот

Општина Центар,  во соработка со МВР, санкционираше неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општината.

Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.

,,Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата“-реагираше градоначалникот Саша Богдановиќ.