Општина Центар,  во соработка со МВР, санкционираше неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општината.

Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.

,,Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата“-реагираше градоначалникот Саша Богдановиќ.