Почна реконструкција на стационарот Вардариште

Предизборното ветување се исполнува и стационарот „Вардариште“ станува минато, соопштуваат од град Скопје.

„Денеска во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Истите ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.

Со денешните активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за  заловените уличните животни ќе се грижи  новоформираното претпријатије „Лајка“.

Ново јавно претпријатие „Лајка“ ќе има  целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба“ стои во соопштението од градот.

Sportswear free shipping | As part of Jordan Brands unveiling of their Summer 2021 lineup, official images of the the Air Jordan 6 "Barely Rose" (Gold Hoops) , Sciaky