Почна протестот на родителите пред МОН

Почна протестот на родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ во Скопје. Родителите точно напладне се собраа пред Министерството за образование и наука.

Протестите доаѓаат откако МОН не одговори на нивните барања околу предлог-Законот за учебници со кој дигиталните учебници ќе станат примарни материјали за учениците од четврто одделение од септември.

На социјалните мрежи деновиве реагираа ученици, наставници и родители дека се вршат притисоци за да не се излезе на протестот. Директорите на голем број од училиштата претходно бараа и списоци од кои ученици ја бојкотираат наставата. Во некои училишта, класните раководители се заканувале со намалено поведение за оние кои покажуваат отпор на образовните реформи.

И покрај силните реакции од јавноста и незадоволството, министерката Царовска не отстапува од својата идеја, при што континуирано обвинува дека се работи за „мали групи на партиски ботови” кои се спротиставуваат на промените.