Почна продажбата на сезонски билети на европскиот шампион Вардар

Стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од 7 до 21 август следи приоритетната продажба на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Вардар во сезоната 2019/2020 влегува како актуелен европски првак, шампион на СЕХА Газпром лигата и домашното првенство на Македонија. Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар.

Сезонава Вардар ќе игра во Б групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје.
Во СЕХА ГАЗПРОМ лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје.

Сезонскиот билет за сезоната 2019/2020 овозможува влез на:
* Сите натпревари од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите
* Сите домашни натпревари од СЕХА Газпром Лигата
* Сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија
* Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето во Македонија

ЦЕНА НА СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ
*Цената на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се:
– 2.200 денари за трибините
– 2.550 денари за А блоковите

1. ПРИОРИТЕТНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

7 Август – 21 август 2019 година.

* Сите сопственици на сезонски билети од претходната сезона имаат можност повторно да ги задржат местата што ги имале досега. Приоритетната продажба на сезонските билети ќе биде само на касата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во периодот од 10 до 18 часот, секој работен ден.
Потребно е приложување на сезонските билети што сте ги посетувале лани од групната фаза на натпреварите во ЛШ (пластифицираниот билет заедно со лична карта)
При приоритетната продажба можно е купување (задржување) само на местото што сте го имале и во минатата сезона.
Доколку во овој период не биде продолжен сезонскиот билет истиот ќе биде пуштен во регуларна продажба.

2. РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

22 август – 9 септември 2019

Сите места во салата што ќе бидат слободни (по завршување на приоритената продажба) ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Регуларната продажба на сезонски билети ќе се врши на касата на билетарницата на СЦ „Јане Садански” секој работен ден од 10 до 18 часот и он лајан преку www.ticketplus.mk
По завршување на овој период повеќе нема да има сезонски билети во продажба, туку ќе следува поединечна продажба за секој натпревар поединечно.

3. РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА ПОЕДИНЕЧНИ БИЛЕТИ

За секој меч од ЕХФ лигата на шампионите ќе има известување кога ќе бидат пуштени во продажба поединечните билети и нивната цена.
Првиот домашен натпревар во ЕХФ лигата на шампионите ракометарите на Вардар ќе го играат на 22 септември против Порто во СЦ „Јане Сандански” од 17 часот.