Почна изградбата на улицата „Партизанска 2“ во Долно Нерези

Со расчистување на теренот и други припремни градежни активности денеска почна изградбата на улицата „Партизанска 2“ во населба Долно Нерези, информираа од локалната смаоуправа на општина Карпош. 

Улицата е во должина од 90 метри и со ширина од 9 метри, каде профилот на коловозната конструкција ќе биде од асфалт во широчина од 6 метри.

Проценетата вредност на улицата согласно потпишаниот Договор изнесува 2.235.347 денари. Инвеститор на проектот е Владата, изведувач на работите е ТАВ ТЕПЕ АКФЕН, а корисник на проектот е Општина Карпош.