Здружението „Хуманитарни акции во Македонија“ ја започна првата фаза во потпишувањето на невладините и синдикални организации на петицијата за државна рефундација на бебешки пелени за самохрани и нови родители од социјално ранлива категорија.
Деновиве се прават средби со повеќе засегнати страни, со цел да биде реализирана оваа идеја со која би им се помогнало на семејствата од социјален ризик.