Почна целосната реконструкција на постоечкиот пат од село Кучково до манастирот Св. Ѓоргија

Почна целосната реконструкција на постоечкиот пат од село Кучково до манастирот Свети Ѓоргија, и дел кон крстот, со што ќе се подобри сообраќајната комуникација и значително ќе се придонесе во безбедноста на жителите на Ѓорче Петров, но и сите кои транзитираат по тој пат.

– Станува збор за реконструкција на пат во должина од 2.130 метри и ширина од три метри. Ќе бидат поставени и нови банкини на двете страни од патот. Средствата за овој проект за општински рурални инвестиции се обезбедени од ИПА гранд програма доделена на општината во вредност од 7,3 милиони денари. Европската унија учествува со 75% од средствата, додека останатите 25% се од национално учество на Владата – велат од општина Ѓорче Петров.