Почитувај ги силните жени во твојот живот

Кога другите те гледаат како силна жена, тие мислат дека ништо не ти е потребно и дека никој не ти е потребен, дека можеш да се носиш со сѐ и дека можеш да се издигнеш над секоја ситуација.

Мислат дека не ти е потребно некој да те сослуша, да се грижи за тебе или да ти удоволува.

Кога луѓето те доживуваат како силна жена, очекуваат да им ги решаваш нивните проблеми. Тие ти се обраќаат на втебе и мислат дека ти не мораш никому да се обраќаш.

Никој не ја прашува силната жена дали е уморна, дали страда или доживува неуспеси, дали има стравови или грижи. Важно им е само таа да биде тука за нив – светилник во магла, остров среде море.

На силната жена не ѝ се простува. Ако изгуби контрола, таа станува слаба во нивните очи. Ако се изнервира, ќе велат дека е хистерична.

Но, никој не се грижи за тоа колку енергија е потребно за секојдневно да бидеш таа силна жена.

Почитувај ги силните жени во својот живот, поддржувај ги, затоа што и на нив им е потребно да бидат сослушани, сакани и згрижени.

И тие понекогаш имаат потреба да се одморат!