Почист Карпош - за почиста животна средина

По повод Светскиот ден на чистењето, Општина Карпош денеска од 9.00 до 11.00 часот ќе спроведе еколошка акција на нејзината територија. 

-  Освен редовните вработени хигиеничари, кои се грижат за чистотата на територијата на локалната самоуправа, ќе учествуваат и вработени од општинската администрација, соопштија од Општина Карпош. 

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ Адријан Муча, ќе присустуваат на акцијата. 

Еко-акцијата ќе се одржи на вкупно девет локации на територијата на Карпош.