Починатото лице кај неготинската депонија било каснато од змија

Отровна змија го каснала младиот маж кој беше пронајден без знаци на живот кај градската депонија Дуброво во близина на Неготино, покажаа првичните информации од обдукцијата.

Претходно, од СВР Велес информираа дека во близина на неготинското село Дуброво, кај градската депонија Неготино полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, пронашле тело на починато машко лице, на возраст од 25 до 35 години.

Според првичните информации станува збор за мигрант на возраст од 25-30 години.