Починати 11 лица, 316 новозаболени со корона вирус

Во последниве 24 часа, по изработени 1562 теста, регистрирани се 316 новозаразени со Ковид-19 во Македонија.

Оздравеле 681 пациент, а починале 11 пациенти позитивни на вирусот.

Денеска здравствените власти објавија дека Комисијата за заштита од заразни болести на утрешната владина седница ќе предложи воведување на полициски час кој ќе трае од 22:00 до 05:00 часот следниот ден.