Починатата 24 годишна пациентка на Инфективна се лекувала две недели и немала претходни здравствени проблеми

24-годишниот пациент кој што починал на Инфективната клиника е девојка од Тетово потврди за Сител директорката на оваа здравствена установа доктор Милена Стевановиќ.

Таа на Инфективната клиника била примена на 28 јуни а докторите забележале и одредено подобрување не нејзината здравствена состојба но дошло до попуштање на срцевата акција и белодробен едем што предизвикало смртоносни последици, во лекувањето бил вклучен и кардиолог.

Од Инфективната клиника за Сител велат дека девојката немала претходни здравствени проблеми кој би придонеле за тешката здравствена состојба и се изненадени од вака лошата клиничка слика кај толку млад пациент. Доктор Стефановиќ преку семејството најавува дека ќе направи дополнителни проверки за да се утврди што може да допринело за ваквиот епилог инаку пациентката пред да биде примена на Инфективната клиника една недела се лекувала кај нејзиниот матичен лекар и во Клиничката болница во Тетово.