Починат маж пронајден во Центар

Синоќа во полициска станица било пријавено дека е пронајден починат маж.

На 30.01.2023 во 22.33 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„Даме Груев“ бил пронајден починат З.М.(64) од Скопје, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.