Починат маж пронајден во близина на граничниот премин Блаце

Тело на маж, удрено од моторно возило, било пронајдено вчера на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа вo 23.45 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.