Починат маж пронајден во битолско

Вчера во село Карамани, битолско, било пријавено дека починал 55-годишен државјанин на Република Албанија.

Според информации од полицијата, станува збор за Д.Т. (55), чија смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Битола.

- При прегледот не биле забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта, информираа од битолската полиција. 

Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола.