Починале 7 лица како последица на коронавирусот, 726 новозаразени

Во изминатото деноноќие регистрирани се 726 нови случаи на заразени со коронавирус, од вкупно направени 3144 тестирања.

Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во:
-Скопје 367 
-Прилеп 53 
-Куманово 34 
-Неготино 29 
-Кавадарци 26
-Битола 25 
-Охрид 23 
-Крива Паланка 21 
-Велес 18 
-Тетово 17 
-Гевгелија 14 
-Гостивар 12 
-Кочани 10 
-Штип и Струга по 9 
-Пробиштип 8 
-Демир Капија 7 
-Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар по 5 
-Кичево 4 
-Свети Николе и Ресен по 3
-Делчево, Виница, Валандово и Богданци по 2 
-Македонски Брод 1

Починати се 7 лица, по 2 пациенти од Скопје (77г,74г) и Кичево (71г, 51г) , и по 1 пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г). Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Регистрирани се 368 оздравени пациенти од:
-Скопје 154 
-Прилеп 61 
-Охрид 25
-Битола 17 
-Велес и Струга по 14 
-Куманово 12
-Тетово и Гевгелија по 9 
-Штип 7 
-Гостивар и Струмица по 6 
-Делчево 5
-Дебар 4 
-Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш по 3 
-Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово по 2 
-Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.