Починаа две млади лица како последица на ковид-19

Во денешната ковид-статистика се регистрирани две починати лица, помлади од 35 години. 

Имено, во Велес е забележан еден смртен случај како последица на зараза со коронавирус. Се работи за 30-годишно лице. 

Исто така, во Битола има едно починато младо лице, на возраст од 32 години. 

Останатите смртни случаи се на возраст меѓу 62 и 84 години. Лицето кое е дополнително пријавено преку Мој термин, имало 59 години.