Почина затвореник од Идризово

Во 10.56 часот во СВР Скопје, пријавено е дека околу 06.30 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ починал 54-годишниот В.М. затвореник во Казнено-поправната установа Идризово, на кој околу 16.00 часот му се слошило и бил однесен во Ургентниот центар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за Судска медицина.