Почина Тони Николовски, посебен советник во МЗШВ

Почина Тони Николовски, советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен снимател, со искуство во повеќе медиумски куќи.

Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година, пред да стане советник во МЗШВ. 

Тој е сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска. 

Во својот работен век работел и во МРТВ, како и во поранешната А1 телевизија. 

Николовски почина како последица на ковид-19.