Почина спортската легенда од поранешна Југославија - Вера Николиќ

Вера Николиќ на 21 јануари годинава доживеа мозочен удар во Крушевац, по што веднаш беше префрлена во Белград каде и беше извршен оперативен зафат и цели шест месеци беше во индуцирана кома.За жал, легендарната српска атлетичарка, светска и европска рекордерка не успеа да се избори.

Инаку, Николиќ е родена во 1948 година во селото Грабовица и беше член на клубот Морава.На шеснаесет годишна возраст се приклучи на репрезентацијата на Југославија и веднаш после тоа ја освои титулата балксански шампион.

Голем успех одбележа и во 1966 година, кога беше во Будимпешта прогласена за европски шампион, пет години подоцна и во Хелсинки.Николиќ освои бронзен медал на Европското првенство во 1969 година, а беше петта на Олимписките игри во 1972 година.Три години го држеше светскиот рекорд од 800 метри.

Вера Николиќ, неколку пати прогласена за најдобар спортист на ниво на поранешна Југославија и единствена атлетичарка како светска рекордерка.