Почина Сашо Михајловски од телевизија „Алфа“

Доцна синоќа на 50 годишна возраст, ненадејно почина Сашо Михајловски, вработен во телевизија „Алфа“.

Сашо долги години беше вработен во „Алфа“, уште од формирањето на телевизијата, а беше претседател на синдикалната организација.

Со ненадејната смрт на Сашо телевизијата не изгуби само работник, туку голем другар, колега, пријател…

Искрено сочувство од колегите до семејството и неговите блиски.

Погребот е во среда во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.