Почина Саша Поповиќ, основачот на „Гранд продукција“

Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на „Гранд продукција“, почина денес на 71-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопштија од продукциската куќа.

„Со неизмерна тага ја информираме јавноста дека денес, по кратка и тешка болест, почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на ‘Гранд продукција’. Роден на 24 април 1954 година во Нови Сад, Саша Поповиќ беше визионер и посветен професионалец“, се наведува во соопштението.

Поповиќ остави неизбришлив печат во музичката индустрија, откривајќи и поддржувајќи многубројни таленти, кои преку музиката и телевизијата го обележаа духот на едно време.

„Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат вечно низ песните, уметниците, емисиите и сето она што го создаде. Заоставнината што ја остави е немерлива и трајно го обележа времето во кое живееше“, додаваат од „Гранд продукција“.

Поповиќ беше и семеен човек, посветен сопруг и татко. Со својата сопруга Сузана, заедно ги одгледуваше Александра и Даниел.

„Неговата харизма, неуморна работа и страст кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлив траг. Наследството што го остави ќе продолжи да живее низ сите што имаа привилегија да работат со него и низ сите чии животи ги допре“, се наведува во соопштението.