Почина работник во фирма во Скопје

На 31.05.2021 околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во приватна фирма на  ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, починал Т.П.(51) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид  извршила екипа на СВР Скопје.