Почина професорот Томе Груевски: Студентите по новинарство се простуваат од него

По кусо и тешко боледување почина професорот по новинарство Томе Груевски. Тој зад себе остави бројни генерации новинари кои на социјалните мрежи веќе се простуваат од омилениот професор.

Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија.