На 72 годишна возраст, вечерва во Универзитетскиот клинички центар во Ниш почина познатиот македонски професор и доктор, Анѓелко Ѓорчев.
Тој десетина дена беше во кома, откако во Ниш ја прими вакцината на Астра Зенека. Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави пред неколку дена Директорот на Клиничкиот центар каде беше хоспитализиран Ѓорчев.
Анѓелко Ѓорчев беше познат пулмолог и пензиониран професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој се уште прегледуваше и лечеше пациенти како дел од докторскиот тим на Неурометика. Во јавноста беше познат и како татко на поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.