Почина познат македонски професор и поранешен судија

Почина Милан Недков, професор на Правниот факултет и поранешен уставен судија.

Во 1974 година бил избран за редовен професор на Правниот Факултет. Бил наставник на редовните студии по предметите: Наука за управувањето и Трговско статусно право. Предавал на студиите по новинарство и на групата Филозофија на Филозофскиот Факултет во Скопје. На постдипломските студии држел настава на повеќе курсеви од областа на политичките науки и трговското статусно право.

Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието за теоретски прашања “Погледи”. Објавил повеќе студии и учебници, како голем број статии и есеи.