Почина поранешниот министер за внатрешни Томислав Чокревски

Денеска во Скопје почина проф.д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре со почеток во 13 часот во Домот на АРМ (сала бр.4) ќе се одржи комеморативна седница.