Пешакот кој денеска беше прегазен со автомобил кај трговскиот центар „Капитиол“ во скопската населба Аеродром починал, објави „Фокус“.

Веднаш по сообраќајката, тој бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, каде што им подлегнал на повредите.

Возачот побегнал од местото на настанот.

Полицијата во моментот врши увид на местото каде што се случила тешката сообраќајка.