Почина овчарот од кратовско во болницата во Штип

63-годишниот човек кој пред неколку дена медицинска помош го носеше по непристапен терен, за жал, почина во штипскиот клинички центар. 

Според лекарскиот извештај, комбинацијата од измрзнатини и мозочно крварење била кобна за овој човек. 

-Пациентот неколку дена лежеше на хируршкото одделение, беше во коматозна состојба и за жал сабајалето во 7 часот почина како последица на мозочното крварење и премрзнатоста. Тука му се направени сите испитувања и следувања. Направена е компјутерска томографија каде што е констатирано мозочното крварење, по изјавата на неврохирургот, без можност хируршки да се интервенира. Така пациентот беше задржан неколку дена на хируршкото одделение, како што ви кажав, бил во коматозна состојба, стабилен неколку дена, но критичен за сабајлето да подлегне сите тие повреди кои што ги имал - вели портпаролката на клиничкиот центар во Штип, Марина Шуманска за Сител.