
Во СВР Скопје изминатиов викенд од Казнено – поправната установа Идризово е пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И.(42) од село Тебреште, се качил на бандера и се фатил за жица која била под струен напон, при што паднал.
– Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, информира МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.