Почина новинарката Ирена Радовановиќ

Денеска почина новинарката Ирена Радовановиќ.

Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот.

-Пријатели, познаници, колеги, роднини! На 8 мај 2026 од овој земен свет замина нашата светлина, Ирена Радовановиќ! Погребот ќе биде на гробиштата во Радишани на ден 9 мај 2026 г. (сабота) во 11 часот. Ве замолуваме, ако некогаш ве носи патот до некој храм, запалете по една свеќа и помолете се за нејзината душа. Го сакаше Господ, ги сакаше луѓето, го сакаше животот! За жал, прекратко. Нека и е лесен и светол патот, стои во објавата на семејството.