Почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ

Најпознатиот музички текстописец во регионот, Марина Туцаковиќ, почина на 67-годишна возраст по долго и тешко боледување.

На почетокот на 2018 година, на Туцаковиќ и беше дијагностициран малиген тумор на дојката, по што наскоро била оперирана, но не успеа да ја победи болеста. Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови откако се заразила со коронавирусот.

Во текот на кариерата има напишано стотици песни има соработувано со многу позанати поп и фолк ѕвезди.

Родена е во Белград во 1953 година, а кариерата ја започнала пишувајќи песни за групата „Зана“. Соработувала со најголемите ѕвезди од поранешна југославија како Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Џеј Рамадановски, Цеца. Пишувала песни и за нашиот Тоше Проески.