Почина млад мотоциклист по сообраќајка на патот Кадино - Марино, во болница уште две лица

Вчера околу 19,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Кадино – село Марино се случила сообраќајна незгода вo која учествувале патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Ѓ.(37) од село Петровец, скопско и моторцикл „Сузуки“, управуван од Т.В.(32) од село Кадино, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.В. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде во 22 часот починал.

А.Ѓ. и сопатникот од возилото Н.Б.(44) биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар на возачот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на сопатникот телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.