Почина лавица од скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина изгуби еден член, кој долго време беше дел од Зоо семејството.

Малигниот тумор кој започна да се развива на лицето, метастазираше низ целото тело.

Уште во септември минатата година добивме препорака за еутаназија од ЕАЗА(Европска асоција на зоолошки и аквариуми), но решивме да не се откажеме од борбата. Иако во соработка со Ветеринарниот институт направивме неколку операции за отстранување на туморот, секој пат се враќаше се поинванзивен. Дијагнозата беше Fibrosarcoma- малиген тумор на кожа и поткожје со голем број на митотични и апоптични клетки, некрози и местимични крварења. Лекувањето за жал беше неуспешно, а лавицата која храбро се бореше со најлошата болест на денешницата беше еутаназирана. Секој од нас има изгубено блиска личност од ова зло, а ние ја изгубивме 20 годишната мила жителка на Зоо Скопје. Тагата е преголема. Почивај во мир убавице и трчај слободно горе на небото, велат од Зоолошката градина. 

Во нејзина чест, денес знамињата пред Зоолошка ќе бидат спуштени на пола копје.

cheap nike air max 90