Почина Игор Геленчев, момчето за кое донираше цела Македонија

Почина Игор Геленчев, момчето за кое донираше цела Македонија, објави порталот Струмица денес.

-Рековме дека следната објава поврзана со него ќе биде позитивна, но за жал не го дочекавме тоа. Нека почива во мир, напишаа од порталот.

14-годишното момче од Богданци за кое минатата година собиравме донации да замине на итна операција во Турција од тумор на мозокот годинава замина на втора операција со помош на хуманите граѓани, но ја изгуби битката.