Почина филологот и професор Атанас Вангелов

Во Скопје, на 75-годишна возраст почина проф. д-р Атанас Вангелов – универзитетски професор, поет, новинар, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач и поранешен пратеник во Собранието и поранешен амбасадор на Македонија во Унгарија.

Професорот Атанас Вангелов во 2020 година ја издаде книгата „Лирската биографија на Конески“, во која тој настојува да го долови „личниот печат“ на поезијата на македонскиот книжевен гигант Блаже Конески. Вангелов во своето дело го разгатнува и процесот на идентификација на Конески со духовните стремежи на својот народ. Тој се смета за еден од најдобрите познавачи на делото на Блаже Конески. Долги години се занимавал со литературата на Конески, низ чие творештво јасно може да се види дека водел рововска битка за зачувување и негување на македонскиот јазик.

На Вангелов, пред десетина дена по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание доделена му беше наградата “11 Октомври” за државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието.