Почина еден од најтрофејните македонски фудбалери

Денеска на 46 години почина Есад Чолаковиќ, еден од најтрофејните фудбалери во македонскиот фудбал од осамостојувањето, пишува Македонски спорт.

Есад Чолаковиќ не успеа да се справи со својата животна битка. Тој денеска почина на 46 години. Чолаковиќ беше повеќекратен шампион со Слога Ј, освојувач на Купот на Македонија, потоа настапуваше во Вардар, Цементарница, Куманово а имаше настапи и за нашата најдобра репрезентација.

Важеше за еден од нашите најтрофејни фудбалери во самостојна Македонија, голем човек, миленик на навивачите, вистински спортсмен.