По повеќе од 24 часа борба за живот, почина Душко Чифлиганец, син на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Душко беше дел од раководните структури на градежната компанија „Адора“, пренесува веб-порталот Skopje1.mk.
Веста за неговата смрт ја потврдиле и членови на семејството.
Според достапните информации, Чифлиганец бил хоспитализиран во болница во Чешка, откако вчера околу 16 часот паднал од мост и се здобил со тешки повреди на мозокот. И покрај напорите на чешките лекари, не успеал да ја преживее тешката траума.