Почина човекот кој ги измисли и прв ги направи Плазма бисквитите

Речиси и да нема некој кој не ужива во вкусот на Плазма бисквити или превкусните кекс-колачи Домаќица. 

Иако овие зборови ни предизвикуваат среќа и задоволство, денеска се поврзани со тажна вест. Креаторот на овие десерти, Петар Тутавац, почина на 88-годишна возраст. 

Тој бил на курс за правење бисквити во Краш, а подоцна и се вработил таму. Неговата Домаќица и ден-денес постои како производ на големата компанија за слатки. 

Бисквитите Плазма се произведени во неговата фабрика Бамби. Тутавац нема патентирано ниеден свој производ.