Почина 29 годишен затвореник од Идризово

Во Клиничкиот центар во Скопје почина 29-годишен затвореник од затворот Идризово, објави вчера ТВ Телма.

Затвореникот починал на Клиника. Долго боледувал од цироза. Бил осуден 10 години за убиство, а пред една година бил донесен во затворот Идризово. Вчера вечерта добил тешко внатрешно крварење и итно со дозвола на родителите бил однесен на Клиника каде што починал. Од затворот велат дека обдукцијата ќе покаже од што точно починал затвореникот.