Почесниот конзулат на Малта ќе го обезбеди траспортирањето на телото на загинатиот Македонец од Малта

Трагедија во Малта за наш државјанин. 

Младиот Мартин Костов кој престојувал во Малта, загинал во сообрааќајна несреќа во Слиема. Со оглед на високите трошоци за транспортирање на телото во татковината, неговото семејство вчера повика на донации, со цел побрзо завршување на постапката. 

Веднаш по апелите на социјалните мрежи, излезе информацијата дека со роднините на загинатиот, стапил во контакт Почесниот конзулат на Малта во Македонија, и на нив им било ветено дека процедурата ќе биде поддржана и конзулатот ќе обезбеди сѐ што е потребно за враќање на телото на младиот Мартин во Македонија.

Конзулатот соопшти дека почесниот конзул, Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството изразил длабоко сочуство и најавил дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе даде и финансиска помош за семејството.