Почесна стрелба попладнево по повод Денот на независноста

Во 19:00 часот денеска во касарната „Илинден“ во Скопје единицата на Артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста.

Пробната артилериска стрелба, со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија, ќе биде извршена во 18:00 часот, соопшти Армијата.