Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста, утре од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, соопштија од МО, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија.