ПОЦ со важно известување за начинот на работа денес и утре - добри вести за возачите

По повод претстојните божиќни празници, денеска (06.01.2026) и утре (07.01.2026), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата, информираа од претпријатието.

 Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2026 година (четврток) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла“ и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.