ПОЦ: Санкциониравме 142 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар известува дека  во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционирани се 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, се вели во соопштението.