ПОЦ: Отстранивме 103 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар информираше дека во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во периодот сод 12.05. до 18.05.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ се отстранети 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, велат од ПОЦ.