ПОЦ обезбеди маски за заштита на вработените од загадувањето

Поради високата загаденост на воздухот во Скопје, ЈП Паркинзи на Општина Центар обезбеди заштитни маски со филтер, со цел да ги заштити вработените кои се на најекспонираните работни позиции на паркинзите во Општина Центар.

„Вработените на терен директно се изложени на прекумерното загадување на воздухот, што доведува до бројни здравствени проблеми. За да ги заштитиме, обезбедивме над 70 маски со филтер кои штитат од цврсти и течни аеросоли, прашина и доломитна прашина, честички ПМ 2,5 и ПМ 10 од аеро загадување. Ова е само превентивна мерка, која ние како претпријатие можеме да ја направиме за нив“, вели Вангел Андрески, В.Д. директорот на ЈП ПОЦ.

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги повикува на општествена одговорност и останатите комунални претпријатија за јавни паркиралишта на територија на Република Македонија.